МАКЕДОНСКИ УЧЕНИЦИ ОСВОИЈА ЕДЕН СРЕБРЕН И ЧЕТИРИ БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ НА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА ВО РОМАНИЈА

//

Македонските ученици освоија еден сребрен и четири бронзени медали на Олимпијада по информатика, која се одржа во Темишвар, Романија. Сребрениот медал за Македонија го освои Мартин Динев од село Пирава, додека со бронза се закитија Владимир Максимовски од Штип, Андреј Величковски од Куманово, Благојче Павлевски од Прилеп и Тео Китановски од Скопје. На БОИ 2018 учествуваа вкупно 39 од најдобрите средношколци во областа на информатичките науки избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните земји Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Романија. Македонскиот тим на БОИ 2018 беше раководен од Емил Станков, Марко Палоски, Владислав Бидиков и Дарко Мартиновиќ.



Претходна статија

ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ КОИ МЕ ЛАЖЕВТЕ

Следна статија

АКТЕРИ ГО ЧИСТЕА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Најново од Вести