ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ КОИ МЕ ЛАЖЕВТЕ

//

Во животот наидуваме и ќе наидуваме на многу предизвици во дадени ситуации во кои ќе се свиткаме како лист на ветрот, неретко ќе ја изгубиме довербата во самите себеси и ќе гледаме на светот со други очи, знаејќи дека од таквите ситуации ќе излеземе посилни од порано. На вакви ситуации најчесто влијаат луѓето од нашето опкружување, но немојте да бидете огорчени на нив, бидете им благодарни на се. Еве и зошто:

Ви благодарам на сите кои ме лажевте, бидејќи така ми ја покажавте вистинската вредност на вистината.
Ви благодарам на сите кои не верувавте во мене, бидејќи ми дадовте сила и планини да поместам.
Ви благодарам на сите кои ме изневеривте и ги злоупотребивте моите чувства, бидејќи ме разбудивте.
Ви благодарам на сите кои ме повредивте, бидејќи ме научивте како да се справам со болка.
Ви благодарам на сите кои ме измамивте и искористивте, бидејки само така останав прибрана.
Ви благодарам на сите кои ме заборавивте, бидејќи така пронајдов сила во осаменоста.
Ви благодарам на сите кои ми нанесовте болка, бидејќи така ја открив сопствената сила на издржливоста.
Ви благодарам на сите кои се потсмевавте на мојата цел, бидејќи само така станав уште по амбициозна.
Ви благодарам на сите кои ја изневеривте мојата доверба, поради вас станав повнимателна.
Ви благодарам на сите кои се нарекувавте пријатели а тоа никогаш не бевте, бидејќи ме научивте што еден пријател никогаш не траба да направи за пријателството.
Ви благодарам многу што ме научивте да си го ценам сопственото време и да не го трошам на луѓе како вас, многу ви благодарам што сами си го откривте вистинското лице и што ме направивте посилна и да речам попаметна иако денес сите се паметни а ретко кој е мудар. Драги мои сѐ она што не ме уби од ваша страна само ме направи посилна.

Но многу сум благодарна на сите што останаа во мојот живот и кои секогаш ме подржуваа во сѐ и цврсто веруваа дека ќе застанам на сопствени нозе и ми покажаа што значи да си пријател, без разлика колку имаш во џебот, тие  ќе се препознаат самите… Ми го покажаа светот од другата страна, јадевме баничка на кејот и си ги делевме моментите, се смеевме како луди на сопствените глупости, седевме со шоља кафе и муабетевме. Ми пруживте рака кога паѓав и не знаев што да правам со животот… Ви благодарам што ми дозволивте да пораснам покрај вас и што ме направивте подобар човек. Без обзир на сѐ бевте покрај мене. Ви благодарам што бевте и сѐ уште сте дел од мојот живот во добри и лоши моменти, во радост и тага…  Без вас светот ќе ми беше црно-  бел… Од срце ви благодарам што го обоивте со сите можни бои на љубовта, довербата и вербата во мене. Што и да кажам за вас драги мои, Риби ,Јарци, Ваги, Скорпии, Бикови, малку е навистина е многу малку… Имаме многу страници на животот кои заеднички ќе ги испишеме и однапред ви благодарам што ќе сте таму… ВЕ САКАМ…

Автор: Фросина Китановска





Претходна статија

ФЕТАИ СО ПРИТВОР САКА ДА ГИ СПРЕЧИ ДОЦНЕЊАТА НА ГРУЕВСКИ

Следна статија

МАКЕДОНСКИ УЧЕНИЦИ ОСВОИЈА ЕДЕН СРЕБРЕН И ЧЕТИРИ БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ НА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА ВО РОМАНИЈА

Најново од Истакнато

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,