СО КРВНА ПЛАЗМА ДОСЕГА E ТРЕТИРАН 661 ПАЦИЕНТ СО КОВИД-19

Досега со крвна плазма е третиран 661 пациент со Ковид-19, а истовремено се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со коронавирусот, од вкупно 729 донори, информираат од Институтот за трансфузиона медицина.

loading...

Оттаму посочуваат дека со ваквиот чин, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот, и апелираат тие да донираат конвалесцентна крвна плазма.

„Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус“, стои во соопштението на Институтот.

Тие порачуваат дека се достапни во секое време, но и дека сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, дека може да се јават за детални информации и закажување во Институтот, за, како што велат, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.



loading...

Формуларот за донор на Ковид-19 ковалесцентна плазма е достапен на следниов ЛИНК.