Актерката Силвија Стојановска ослободена од обвинението за шверц на кокаин

/

Актерката Силвија Стојановска доби ослободителна пресуда во повтореното судење пред Основниот кривичен суд Скопје во случајот за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Во првото судење таа доби 3 години и 6 месеци затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ седум. Меѓутоа, Апелацискиот суд ја потврди пресудата за Будисавјевиќ и ја зголеми казната на 12 години, додека за актерката го врати предметот на повторно судење.

Актерката се гонеше по член 215 од Кривичниот законик за неовластено производство, продавање или продажба, држење и транспорт на наркотични дроги. Таа беше обвинета по ставот 3 кој вели дека ако делото го извршиле повеќе лица или сторителот на делото организирал мрежа на продавачи и посредници, ќе се казни со затвор од една од пет години.

Меѓутоа, како што објаснија од судот, во повтореното судење се следеле напатствијата од Апелација, се анализирале докази и од нив не се гледа мрежата, односно учеството на актерката во неа.



Нејзиниот адвокат Димитар Савовски по изрекувањето на пресудата рече дека не можело да се очекува ништо поинаку од ослободителна пресуда. Апелација, вели тој, ги уважила сите жалбени наводи на одбраната на актерката и според адвокатот било илузорно и апсурдно повторно да има осудителна пресуда и да се поднесува нова жалба до второстепениот суд.

Претходна статија

Грковска: Османи да каже како е вработена Бесмира Ејупи во МНР

Следна статија

Судијката добила внука, рочиштето за Драги Рашковски одложено

Најново од Вести