|

Активистот Суад Мисини штрајкува со жед за лицата фантоми, Пендаровски му вети решавање на проблемот

Активистот Суад Мисини кој од вчера започна штрајк со жед за да им помогне на лицата кои немаат лични документи, односно фантом лица.

Утрово него го посети претседателот Стево Пендаровски, при што го информирал деке веќе го потпишал Указот на законот, со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните.

„Со овие измени им се овозможува на над 600 наши граѓани да ги решат нивните проблеми и да добијат лични документи. Исто така со измените ќе се реши и проблемот со бездржавјанството и на секое дете кое ќе биде родено во земјата затоа што ќе добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители имаат или немаат лични документи“ рече Пендаровски.

Тој апелира до пратениците кои веќе работат на овој процес да го завршат час поскоро затоа што секој човек има право на достоинствен живот.

Пендаровски побара од Мисини да продолжи со неговиот активизам на начин на кој нема да биде загрозено неговото здравје.

Слични Објави