Акушерка ненамерно му пресекла прст на новороденче при испис
Акушерка во текот на испис на новороденче ненамерно му пресекла дел од палецот на бебето, објави Министерството за здравство.
Настанот се случил пред десетина дена на Клиниката за гинекологија и акушерство.
„Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде што му била санирана повредата“, информираа од Министерството.
„Акушерката била суспендирана, дадена на дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствената заштита, како и промена на работното место“, велат од Здравство.
