|

Албанија започнува голема модернизација на својата армија

Владата на Албанија објави план за сеопфатна модернизација на вооружените сили, со фокус на воздушните сили, јавува БГНЕС.

Министерството за одбрана на Албанија ги истакна трите главни приоритети на реформата: обновување на опремата и системите за противвоздушна одбрана според НАТО-стандардите, подобрување на инфраструктурата на клучните воени бази, како и развој на човечките ресурси преку повторно отворање на воздухопловното училиште во градот Вљора.

Албанската армија моментално не располага со борбени авиони, туку се потпира на околу 23 хеликоптери, претежно транспортни и OH-60 хеликоптери, кои се користат за евакуација, логистика, надзор и цивилни операции.

Премиерот Еди Рама во април оваа година изјави дека просечната плата во армијата изнесува околу 1.550 евра. Според податоци од ЦИА и албанското Министерство за одбрана, бројот на активни воени лица се движи помеѓу 7.000 и 8.500.



Слични Објави