Албанската драма од Куманово со премиера за деца
Албанската драма при Кумановскиот театар, утре (4 април) во почеток во 18 часот, премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Заспаниот крал“…
Претставата „Заспаниот крал“ на најмладите ќе им ги прикаже доживувањата на кралот и неговиот син, кој по наредба на својот татко не смее да излегува од кралството. Претставата е работена по текст на Јетон Незирај, во режија на Ибер Дехари. Играат Сефедин Шабани, Мирсад Абази, Ардијан Кадриу, Бјондина Шерифи и Арта Џемаили. Музиката е на Оливер Илиевски а за сценографијата и костимите се погрижија Јовица Николовски и Елизабета Накевска.
