ОРОТО КОПАЧКА ПРЕТСТАВЕНО ВО ДОБРИНИШТЕ БУГАРИЈА И ДОЧЕКАНО СО БУРЕН АПЛАУЗ ОД ПУБЛИКАТА

Женскиот дел од ЗФГ „Копачка”, село Драмче, Делчево настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал на танцови клубови „Шарена Стомна”, кој се одржа во Добриниште, Општина Банско, Република Бугарија, пренесува Канал 5.

На фестивалот настапија 33 музички фолклорни состави и над 600 учесници од Македонија, Грција, Србија и Бугарија кои го покажаа својот талент во фолклорно надигрување.

ЗФГ „Копачка” се претставила со изведбите „Езгија” на тапани, „Копачка” оро и оро „Ситното”, со проследен бурен аплауз од публиката.