| |

МНР на Бугарија: На 22 септември Бугарија ја изрази волјата да биде слободна и суверена држава

Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска, по повод Денот на независноста, порача дека 22 септември е датумот кога земјата пред светот ја изразила својата волја да биде слободна, суверена и рамноправна држава.

„На 22 септември Бугарија пред светот ја изразува својата волја да биде слободна, суверена и рамноправна држава“, се наведува во објавата на бугарското Министерство за надворешни работи.

Од Министерството им оддадоа почит на државниците и на сите Бугари кои придонеле за остварувањето на независноста.

„Почит кон државниците и кон сите Бугари чии храброст, решителност и вера ја направија независноста возможна“, се наведува во пораката.

Бугарското МНР нагласи дека денешна обврска е со одговорност и единство да се зацврстува местото на Бугарија меѓу слободните и рамноправни држави.

„Денес наша должност е со одговорност и единство да го зацврстуваме достоинственото место на Бугарија меѓу слободните и рамноправни држави“, порача Министерството.

Објавата завршува со честитка по повод Денот на независноста на Бугарија.



Слични Објави