| |

СЕ ОДЛОЖУВА И ДАНОКОТ НА ДОХОД ОД КАМАТИ И ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Се одложува оданочувањето на доходот на камати од депозити и на доходот од капитална добивка од хартии од вредност, кои требаше да стапат на сила на почетокот на 2020 година, за три години подоцна, односно за 2023 година.

Исто така, освен одлагањето се предлага намалување на даночните стапки, односно од 15% на 10% за депозитите и стапки од 0% до 15% кај капиталната добивка, во зависност од време на поседување на хартиите од вредност.

Ова ќе биде предвидено со измените на Законот за данок на личен доход кои ќе ги предложи Министерството за финансии врз основа на сеопфатни анализи.

Слични Објави