| |

ГДУ-ШТИП: ОЧЕКУВАМЕ РЕАКЦИЈА ОД МВР И КОМУНАЛНИТЕ ИНСПЕКТОРИ!

„Колку и ГДУ да се труди преку притисок кон институциите, колку и тие да се обидуваат за да не бидат критикувани од нас, и да реагираат решавајќи ги проблемите, на крајот сѐ се потпира на свеста на граѓаните и нивната желба или нежелба да се справиме со проблемите.
Искрено сме разочарани од глетката што е пред нас. За помалку од 24 часа депонијата се појави пак. Што ќе видат нашите дечиња во понеделник одејќи на училиште? Додека некои се трудиме да им создадеме барем основни услови за функционирање, други рушат, расфрлаат и уништуваат?!

Испраќам апел до ЈП „ИСАР“ да го исчистат сметот, но и комуналните инспектори како и МВР и другите институции, да преземат мерки. За ова некој мора да сноси одговорност, станува збор за здравјето и безбедноста на децата.

Почитувани сограѓани, најискрено апелираме и ве молиме, фрлајте го вашиот смет, отпадоци и други непотребни работи на соодветно место, на само 20 метри учат нашите деца, внуци, нашата иднина“, се вели во соопштението на ГДУ-Штип.

Слични Објави