|

Албански гангстер осуден на доживотна робија, доби анонимност во Велика Британија

На албански гангстер му е одобрена анонимност во Велика Британија за да биде заштитен од ривалските банди кои му се закануваа откако пристигна со брод и побара азил во кралството, и покрај тоа што отслужи доживотна затворска казна за убиство и други тешки злосторства во Албанија.

Тој бил предвремено ослободен и дошол во Британија со брод, објави „Дејли мејл“.

По неговото апсење, судијата одлучи дека идентитетот на Албанецот треба да биде сокриен од јавноста „од безбедносни причини“, откако тој тврдеше дека му се заканувале членови на ривалски банди.

Пратеникот од ториевците Дејвид Морис по тој повод за „Сан“ изјави дека тоа е срамна одлука која покажува презир кон британските граѓани.

Албанецот е во притвор во имиграцискиот центар и чека одлука дали може да биде депортиран.

Портпаролот на британското МВР оцени дека ова е уште еден шокантен пример, поради кој мора да се запре протокот на илегални мигранти кои пристигнуваат со чамци.



Слични Објави