| |

Албанскиот бизнисмен Самир Мане ќе гради „Смарт сити“ на местото на „Скопски саем“

До крајот на мај ќе започне изградбата на „Смарт сити“, проектот на албанскиот бизнисмен Самир Мане на локацијата на Скопскиот саем во Скопје. Компанијата „Балфин груп“ која што е во сопственост на Мане минатата година го купи имотот на Скопскиот саем и најави изградба на станбен, деловен комплекс и трговски центар и хотел. Мане за албанската РТВ Клан на оваа локација најави изградба на мини-град во Македонија.
„Ќе почнеме да градиме град, но не во Албанија. Тоа е еден мини-град во Скопје, инвестиција од околу 300 милиони евра. Градот содржи 1.400 стана, голем трговски центар и четири кули со канцеларии. Овој проект ќе го почнеме во мај. Се вика „Смарт сити“ и многу брзо ќе биде присутен во Македонија“, изјави Мане на гостувањето во емисија на РТВ Клан.
Тој истакна дека ова ќе биде амбициозен проект во кој ќе бидат вклучени и Македонци и Албанци и кој ќе започне не подоцна од крајот на мај. Мане е познат по тоа што го изгради „Скопје сити мол“ и потоа им го продаде на Британци. Тој е сопственик на корпорацијата „Балфин груп“, која се состои од 18 компании, присутна е во седум земји и има повеќе од 3.000 вработени.

Извор: Емагазин



Слични Објави