| |

Албанскиот принц Лека гостуваше кај бугарскиот цар Симеон Втори во дворецот „Врана“

Албанскиот принц Лека, глава на династијата Зогу, престојуваше неколку дена во дворецот „Врана“ во Софија како гостин на бугарскиот цар Симеон Втори и неговото семејство, соопшти официјалната интернет-страница на бугарското царско семејство, пренесува 24 часа.

За време на посетата принцот Лека се сретнал и со кнезот Борис Трновски, кој во последните години живее во Бугарија.

Лека е единствен внук на албанскиот крал Зог I и од 2011 година, по смртта на неговиот татко, е на чело на кралскиот дом на Албанија.

Според соопштението, двете царски семејства одржуваат долгогодишни врски. Симеон Втори го познавал дедото на принцот Лека, а со неговиот татко одржувал долгогодишно пријателство.

Последната посета на принцот Лека на Софија била во 2017 година, кога присуствувал на одбележувањето на 80-тиот роденден на Симеон Втори.

Слични Објави