Али Ахмети да престане да ги злоупотребува Албанците за лично богатење, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Али Ахмети да престане да ги злоупотребува Албанците за лично богатење, додека тие во очај заминуваат во странство, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ДУИ.
„Али Ахмети е власт во Македонија повеќе од 20 години, канализација во Арачиново нема поради него. Канализација нема затоа што Ахмети ја краде иднината на народот, а пред сè на Албанците, кои ги лаже и злоупотребува додека неговото семејство се богати.
Следен пат кога Ахмети ќе посака да ги манипулира Албанците дека е голем лидер, нека излезе на автобуска кога си заминуваат младите на пат за Германија, Швајцарија и Италија и нека им го каже рецептот како неговиот внук Дрин ја купи „Соравија“, без вложен денар. Сигурно и помеѓу нив има некој што сака да го направи тоа и да остане во Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Али Ахмети е само обичен манипулатор, кој е демаскиран пред целата јавност. На ДУИ не ѝ се важни ниту Албанците ниту Македонците, најмалку ЕУ-иднината и западните вредности, видовме колку Али Ахмети и ДУИ се потресоа што Мерко е на црната листа на САД.
На ДУИ ниту САД ниту ЕУ ѝ е важна додека криминалот им тече. И Али Ахмети и ДУИ треба да знаат дека доаѓа време кога ќе треба да одговараат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.