АЛИ АХМЕТИ: МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НАСТАНАЛА ВО 1944 ГОДИНА

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за Албанскиот Медиум „Syri.Net” каде што синоќа гостуваше, зборувајќи за актуелната тема во однос на спорот со Република Бугарија меѓу другото рече дека Македонија официјално и институционално постои од 1944-45 кога се признава како „Федеративна Република Македонија” во рамките на Југославија.

loading...

-Во 1944-45 година Македонија се признава како федерална република, значи само Македонија, другите републики не беа именувани како федерални, додека пак Република Македонија е именувана како Република Федерална Македонија, и тука е и институцијализацијата на македонската нација, се признава македонската нација од тогашна Југославија. Се признава и од меѓународната заедница, бидејќи до 44-та година имаше напори за самостојна, автономна Македонија и имаше заеднички востанија албанско-македонски, не беа кој знае колку масовни, но заеднички востанија или движења имаше уште од 1903, вели меѓу другото Ахмети во интервјуто.


loading...