|

Алијанса за Албанците: ДУИ ветува живот, а промовира смрт, Обвинителството да започне истрага за пукањето на милитантите на ДУИ

Оружјето симболизира смрт и токму отворањето на штабот со истрели од огнено оружје од страната на милитантите на ДУИ, зборува за начинот на кој што оваа партија стреми кон победа, со  закани, притисоци, манипулации и влевање на страв, велат од Алијанса за Албанците, откако се појави видео на кое се гледа како се пука со огнено оружје на собир на ДУИ.

-Строго ја осудуваме употребата на оружјето и бараме од Обвинителството да започне истрага за кривично дело- употреба на недозволено оружје на јавни настани.  Бараме одговорност и од организаторите на собирот, значи од партијата што го организираше настанот, одговорност за опасноста што и се закануваше на граѓаните од истреланите куршуми во воздух. За жал, досегашната практика покажува дека сме имале многу други случаи ранети или пак загинати и од слепи куршуми, затоа не смееме да дозволиме вакви инциденти да се повторуваат и да поминат не казнети, велат од Алијанса за Албанците,.Видеото погледнете го овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави