Брисел планира укинување на безвизниот режим, на листата земји и Македонија

/

Бриселската агенција ЕУ Обсервер објави внатрешен документ во кој се наведува дека Франција, Германија и Италија размислуваат за укинување на безвизниот режим за некои земји од регионот, но и за Молдавија, Грузија и Украина. Документот дојде еден ден пред турнејата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Западен Балкан.

Како причина се споменуваат нерегулираните барања за азил во овие земји. Според документот, Франција има најголем проблем со барањата за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека пак Германија се жали на барањата од Албанија и трите држави од Источното партнерство кои исто така бараат формално членство во Унијата.

Македонија во овој документ е спомената единствено од страна на Белгија, каде во текот на летото забележале зголем број на барања за азил.

На граѓаните на Македонија, Црна Гора и Србија им е дозволено да патуваат во ЕУ без виза до 90 дена од декември 2009 година, а на државјаните на Албанија и Босна и Херцеговина следната година.

Европската комисија смета дека патувањето без визи е значајно достигнување во односите ЕУ-Западен Балкан во рамките на својата политика „Источно партнерство“. Но, не се сите среќни. Според внатрешниот документ на ЕУ, Србија и Албанија се меѓу 10-те најпроблематични земји кога станува збор за почитување на безвизниот режим, поради што Германија смета дека Европската комисија треба да потсети дека започнувањето механизам за суспендирање на безвизниот режим е реална опција.



Според официјалните германски податоци за прекршување на законот за странци во 2020 година, Албанија е на второ место, Украина на петто, Србија на седмо, Молдавија на деветто и Грузија на десетто место. Повторното воведување визи бара повеќе од 50 проценти зголемување на нелегалниот престој или ниска стапка на прифаќање на барањата за азил. Холандија е првата и единствена членка на ЕУ која досега побара суспензија на безвизниот режим.

Нејзиното барање беше насочено против Албанија во 2019 година, но Европската комисија го одби.

Извор: Темите

Претходна статија

Алијанса за Албанците: ДУИ ветува живот, а промовира смрт, Обвинителството да започне истрага за пукањето на милитантите на ДУИ

Следна статија

Во затворите недостига медицински персонал

Најново од Вести