Амар Мециновиќ по дебатата со Ѓорѓиевски: Ова е генерациска борба – сега сме ние на потег
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, по првата јавна дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи на социјалните мрежи со порака до граѓаните.
„Скопјани, ви благодарам од сѐ срце неизмерно за целосната поддршка и сите пораки! Ова е генерациска борба! На сите непривилегирани и отфрлени, сите намачени и потиснати, од семејства со еден родител и семејства кои ја живеат агонијата на ова време кое е наменето за НИВ, не за НАС! Отчукуваат последните мигови на нивното време – сега сме ние на потег!“, напиша Мециновиќ.
Првата дебата меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје предизвика голем интерес во јавноста, а објавите на социјалните мрежи покажуваат дека и двајцата кандидати се обидуваат да ја мобилизираат својата поддршка во завршницата на кампањата.


 
		 
			 
			 
			 
			 
			