| |

СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО СО ВРНЕЖИ ОД СНЕГ

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а по должината на Повардарјето врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и помала снежна покривка ќе има само некаде. Поради силниот ветер, кој ќе продолжи да дува и денеска (и над 80 км/час), ќе има услови за појава на снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег.

Максималната температура ќе достигне 5 степени.

Слични Објави