Спомен плочата и крстот на бугарскиот револуционер Тома Давидов повторно уништени
Повторно вандалски чин од страна на група граѓани од Дебарца. Повторно израз на национална нетрпеливост и омраза.

„Група граѓани од општина Дебарца, деновиве повторно ги уништија спомен плочата и крстот на револуционерот Тома Давидов кои, ние како здружение на македонски Бугари, ги поставивме на 15 март годинава“, јавуваат од здружението „Цар Борис III“ – Охрид.
За да ја запознаеме македонската јавност кој бил Тома Давидов и чие спомен обележје сквернават, ќе пишеме накратко за неговиот живот.
Тома Давидов е роден во Ловеч, Бугарија на 2 мај 1863 г. Завршил воено училиште во Софија. Учествувал во српско-бугарската војна. Во летото на 1895 г. учествува во Мелничко востание, кое било во организација на Врховниот македонски комитет. На VІ македонски конгрес во 1899 година бил избран за член на ВМК заедно со Борис Сарафов (за Сарафов лично лобирале Гоце Делчев и Ѓорче Петров). Во 1902 г. заминува за Македонија како војвода на ревизиона чета од ТМОРО во Битолско, Охридско и Демирхисарско. Загинал од турска заседа кај с. Оздолени, Охридско, на 15 март 1903 г.
Негови зборови се:
„Не сум од Македонија, но за нејзината слободата сум подготвен секој момент да си го дадам животот. Ќе одам таму, меѓу братскиот народ да умрам, а не тука да ја трујам душата своја за Македонија“.
Извор: Temite
