ЗАТВОРЕНО КАФУЛЕТО ВО „ТЦ БИСЕР“ КОЕ ОРГАНИЗИРАШЕ ЗАБАВА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Пазарната инспекција го затвори кафулето во „ТЦ Бисер“ во Аеродром каде се организираше забава за средношколци на која беа прекршени мерките за заштита од Ковид-19.

Државниот пазарен инспекторат го затвори кафулето кое организираше првосептемвриска забава со средношколци во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, а од истата се појавија и снимки на социјалните мрежи.

– Денес беше денот за затворање по редовна процедура која мораме да ја запазиме. За разлика од вонредната состојба кога, по одлука, имавме можност веднаш да ги затвораме. Сега мораме да чекаме законски три дена. Денес истече законскиот рок и во моментов инспекторите го пломбираат локалот – изјави Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Локалот во Аеродром во кој се организираше забава без маски и дистанца доби и прекршочна пријава.