|

Помпео: САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина доколку Трамп се врати на власт

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД најверојатно ќе продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија доколку поранешниот републикански претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа.

Говорејќи за време на посетата на Токио, Помпео рече дека „никогаш не видел“ Вашингтон „да се оддалечи“ од своите сојузници и партнери за време на претседателствувањето на Трамп 2017-2021 година, и покрај ставовите дека неговиот поранешен шеф ќе ја прекине или замрзне помошта за Киев доколку се врати на власт по претседателски избори кои ќе се одржат во ноември годинава, пренесува „Kyodo“.

Помпео истакна дека членовите на Републиканската партија имаат многу различни политички ставови, но дека секогаш ја разбирале улогата на САД во светот и нејзините одговорности.

Тој исто така рече дека Трамп, кој не сака војна, ќе им ја даде на американскиот народ и на светот најдобрата можност повторно да станат „помирно место и попросперитетен свет“ и дека ќе работи на воспоставување добри односи со пријателските нации ако повторно стане претседател.

Тој додаде дека е малку веројатно дека ќе се променат „структурните идеи“ од првиот мандат на Трамп, како што е намалувањето на билатералниот трговски дефицит со Кина, барањето од членките на НАТО да го платат својот „фер удел“ и слично.

Слични Објави