|

Амбасадите на РС Македонија во Берлин и во Лондон: Патниот лист е со важност од 30 дена, чини 30 евра на трошок на граѓаните

Амбасадите на РС Македонија во Берлин и во Лондон на нивните официјални страници на социјалната мрежа Facebook објавија инструкции за државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош.

Tие можат да се вратат во земјата со Патен лист што се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата. Патните листови ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.



Слични Објави