|

(Видео) Нереални сцени од Турција: големи поплави, уништени згради, надојдената вода го исфрла мебелот од становите

Во последните неколку дена Турција страда од страшни поплави што го зафатија главниот град по обилните дождови, пренесуваат медиумите во регионот.

Портокаловата метеоролошка тревога е во сила во дури 27 провинции, а обилните дождови целосно го парализираа животот во Анкара.

Во изминатите неколку денови спасувачките екипи постојано се на терен и испумпуваат вода од зградите, а многу патишта често се непроодни поради пороите што носеа сѐ пред себе.

Колку е драматична ситуацијата во Турција најдобро сведочи видеото од Анкара, каде што може да се види како водата навлегла во станбена зграда, а потоа водниот бран ја крши балконската врата од станот и водата почнува да го исфрла мебелот.
Видеото погледнете го ТУКА



Слични Објави