Амбасадорката на Бугарија во Даблин се сретна со бугарската репрезентација која учествуваше на Меѓународната олимпијада по географија во Ирска
Амбасадорката на Бугарија во Даблин, Ванја Андреева, се сретна со бугарските ученици кои зедоа учество во Меѓународната олимпијада по географија (iGeo) 2024 г, која се одржува во Ирска. За настанот соопшти бугарското дипломатско претставништво на својата Фејсбук страница, пренесува БТА.
„Извонредно пријатна средба. За нас беше интересно да разбереме од Ана, Божидар, Александар, Николај и нивните ментори д-р Калојан Цветков и Даниел Христов, какви впечатоци им оставила Ирска. Какви биле задачите, што требало да ги решат и за тоа какви контакти создале со нивните врсници од целиот свет“, јавуваат од бугарската амбасада во Даблин.
Годинава меѓународниот натпревар ги собра во Ирска од 19 до 24 август, најдобрите млади географи од целиот свет. Бугарија ја претставуваа четворица учесници кои се на различна возраст, со различни интереси, но обединети со љубовта кон географијата, велат од таму.
„Средбата со бугарската репрезентација не исполни со гордост за тоа какви талентирани деца имаме, кои имаат храброст и самодоверба да ја претставуваат Бугарија на меѓународната сцена. Бугарските наставници на сите нивоа на нашиот образовен систем заслужуваат почит и поддршка. Нивниот придонес е непроценлив“, напишаа од Амбасадата на социјалната мрежа.
