Амбасадорката на САД во Софија: Бугарија покажува лидерство во регионот и во светот

//

„САД и Бугарија се посилни заедно. Ова го изјави амбасадорката на САД во Бугарија Херо Мустафа, која одржа предавање за лидерство на Воената академија „Г.Раковски“, јавува Фактор.

Херо Мустафа во своето предавање истакна дека НАТО е важно место за соработка меѓу двете земји.

Амбасадорката истакнала дека Бугарија е една од земјите кои најмногу сакаат да учествуваат во операциите на НАТО, а како членка на ЕУ покажала лидерство во регионот и во светот.

Херо Мустафа во своето предавање истакнала дека Соединетите Држави инвестирале над 350 милиони долари во текот на 30 години во различни програми за обука и за опрема на бугарските вооружени сили.



Постои десетгодишен патоказ за одбранбена соработка меѓу двете земји. Заедно, САД и Бугарија продолжуваат да ги модернизираат бугарските вооружени сили. Целта е да се заштити бугарскиот национален интерес и да се зајакне интеграцијата во НАТО, рече Херо Мустафа.

Амбасадорката ги сподели своите впечатоци од структурата на НАТО во Варна. Поморската координација е од стратешко значење за присуството на НАТО во Црното Море.

Претходна статија

(Видео) Иницијатива за обновување на урнатиот споменик на Незнајниот македонски четник во Благоевград

Следна статија

Груби тврди дека за шест дена можеме да го решиме спорот со Бугарија

Најново од Вести