Амбасадорот на ЕУ во Скопје: Условот за уставни измени останува консензус на целиот блок
Условот за уставни измени е факт и останува консензуална одлука на целиот блок. Ова го изјави амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, пренесе БГНЕС. Тој нагласи дека процесот на европска интеграција се заснова на заслуги и на копенхашките критериуми.
„Ова барање останува и важи. Свесни сме дека актуелната влада сака да го реши прашањето со одредени гаранции дека нема да има билатерализација на процесот“, додаде дипломатот.
„Сите знаеме кои се обврските, а јас веќе ја спомнав дипломатската активност што се одвива. Затоа мислам дека мора да и дадеме простор на дипломатијата да постигне резултати и во исто време не смееме да го изгубиме фокусот, бидејќи моментумот е тука, можноста е тука и средствата се достапни.
Евроамбасадорот објасни дека има нов импулс за проширување на Унијата бидејќи геостратешките императиви тоа го направиле неопходност.
Нашата претседателка Урсула фон дер Лајен испрати порака на надеж кога дојде во Скопје пред три месеци. Таа истакна дека има уште една пречка што треба да се надмине – уставните измени на кои се обврза земјата. Таа е убедена дека преку заедничка работа, дијалог и соработка ќе ја надминеме оваа пречка“, нагласи Роксас и додаде.
„Сигурен сум дека ако работиме заедно рака за рака со владата и сите политички партии во Северна Македонија, ќе ја постигнеме целта.

