АМБАСАДОРОТ НА ШВЕДСКА НАГЛАСИ ДЕКА РАБОТАТА НА СЈО ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ
Амбасадорот на Шведска Матс Стафансон денеска се сретна со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзините соработници. Стафансон пренесе дека шведската влада високо ја вреднува работата на СЈО и нагласи дека продолжувањето на досегашните истраги, обвиненија и случаи треба да биде обезбедено.
„Договорот од Преспа со Грција кој беше неодамна ратификуван, еднаш засекогаш го решава долгогодишното ‘прашање со името’, покажувајќи на светот дека Балканот може да генерира стабилност и позитивна енергија. (Повеќе)

