| |

Американците побрзо ќе стигнат до Марс, отколку што Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ

Пишува: Ели Секуловска, дипломиран електроинжинер

Урнатините и културата на кичот се само дел од невкусно накитената сцена на ужасот, која од просториите содадени за наменската фотографија стана манија за популизам на политичарите и народните маси за да фотографираат и да бидат фотографирани. Французинот Атже, еден од пионерите на фотографијата е неспоредливо значаен затоа што и го додели соодветното место на таа појава. Имено, уште во 1900 година тој ги фотографирал улиците на Париз, соема празни, без луѓе, затоа што предвидел дека објективот ќе стане средство за ефтин популизам на идните политичари за заведување на масите.

Во кој контекст го кажувам ова?

Па, изминатата седмица бевме преплвени од сликички на премиерот Христијан Мицковски кој речиси секој час праќаше селфија на социјалните мрежи и известуваше со кого се‘ се сретнал и се сликал.во Вашингтон. Велеше дека бил единствениот политичар од Балканот кој бил лично поканет на инаугурацијата на Трамп, иако тоа не е точно. Осиромашените маси во Северна Македонија со задоволство ја прифатија и следеа целата таа лакрдија, додека пак ПИ-АР сценариото на кабинетот на Мицковски личеше на една провинциска гротеска. За да успеат таквите популистички политичари мора да има и рекација од другата страна. Значи масите во Северна Македонија и таквите популистички политичари се во совршена симбиоза.

Пред два дена, во дебатна емисија на една од македонските национални телевизии, Господинот Љупчо Зиков изјави дека во разговор со американски дипломат го поставил прашањето: „Зошто американската администрација никогаш не поканила македонски политичари?”. Одговорот од американскиот дипломат бил: „Ќе ве поканиме кога ќе имате конкретно што да кажете.“. Да, тоа е точно. Чинам дека македонските политичари, освен поплаките дека некој нешто сака да им земе, нема што конкретно да кажат и понудат.

Е сега, не ми е јасно каков резултат очекува Мицковски од прошетката во Вашингтон со пари од даночните обврзници, а истите беа потрошени за ништо. Чинам дека, премиерката на Италија, Џорџа Мелони која беше лично поканета од Трамп и која присуствуваше во Ротондата на Капитол Хил, не ги малтретираше своите граѓани со сликички праќани секој час на социјалните мрежи. Исто така сум сигурна сум дека Мелони остварила многу повеќе средби и на многу повисоко ниво од Мицковски.

Вие можете да направите и стотици средби дури и со највисоките челници од американската администрација, но прашањето повторно останува отворено -Што вие имате да им понудите? Осакатена инфраструктура, енергетски колапс, невладеење на правото….! Зарем Американците не знаат што се случува во Северна Македонија и со кого си имаат работа? Од странски инвестиции може да очекуваме само фабрики за плетење на кабли за автомобилската индустрија и ништо повеќе. Да, толку ни е нивото на образованието и интелигенцијата и толку може да им понудиме за возврат.

Во меѓувреме, по повод празнувањето на српскиот празник “Св Сава”, во Македонскиот Народен Театар беше одржана свечена академија на која присуствуваше целиот политички врв на Северна Македонија. На свечената академија говор одржа и претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, кој покрај тоа што го негираше масакарот во Сребреница, туку зборуваше и за надворешната политика на Северна Македонија, изнесувајќи ги своите анти – ЕУ и анти – НАТО ставови. Милорад Додиќ се однесуваше како Северна Македонија да е се уште Српска Бановина и негова прчија.

Но, да ги оставиме сите овие глупости, туку да излеземе од овој застоен и задушлив простор.

Приматот на ова писание е за научните истражувања и дебати што се водат во САД и какви се најновите техничко – техолошки напредоци.

Освојување на Црвената Планета – МАРС

Додека Мицковски се занимава со неговите ефтино- популистички селфија како „полалена“ тинејџерка, NASA ( National Aeronautic and Space Administration) , приватната компанија на Elon Musk „SpaceX „,како и ESA ( European Space Agency) ,во корелација со руските ( Elon Musk два пати ја посети Русија), кинеските, јапонските и други научници прават истражувања и предлагаат решениja за меѓупланетарно патување во Вселената и освојување на други планети. Во меѓувреме, соседна Албанија лансираше ракета во Вселената.

Имено, Elon Musk и неговата компанија „SpaceX“ потпишаа договор со NASA, наречен Space Act Agreement (SAA), а истиот предвидува забрзано истражување кое би помогнало за унапредување на сложената и критична технологија како би се надминале сите предизвици поврзани со безбедно патување во Вселената на огромни дистанци како и безбедно слетување на тешки вселенски летала на Црвената планета- Марс. Elon Musk веќе најави дека во 2026 година ќе ја лансира првата „Super Heavy Starship“ракета без екипаж , додека пак истата треба да ја однесе потребната техничко-технолошка опрема за истражување како и опрема за есенцијалните потреби за идните астронаути кои би слетале на Марс. Доколку биде се во ред со патувањето и слетувањето на првото тешко вселенско летало на Марс заради тамошната мала гравитација како и тенката атмосфера, тогаш во 2028 година, се предвидува лансирање на вселенски брод со екипаж од 20 астронаути. Elon Musk планира да насели околу еден милион луѓе на планетата Марс до 2050 година. Тоа беше најавено на Меѓународниот Астронаутички Конгрес ( International Astronautical Congress, IAC) оддржан во Guadalajara, Мексико од страна на Elon Musk уште во 2016 година.

Но, дали е сето тоа изводливо?

Марс е една од најистражуваните планети во нашиот Сончев систем. Креативните и имагинатвни инженери отсекогаш сонувале за освојувањето на Црвената Планета. Уште во 1948 година познатиот астрофизичар и машински инженер од германско потекло, Dr.Wernher von Braun ja напиша новелата „The Mars Project“ (на Германски – „Das Marsprojekt“) .Книгата е објавена во 1952 година, додека пак во истата се дадени техничките спецификации за човечка експедиција на Марс. Генијалниот инженер Dr.Wernher von Braun за време на Втората Светска Војна работел за Нацистичка Германија и бил предводник на тимот за дизајнирање на познатата ракета А1/V2 . Научниот тим на Dr.Wernher von Braun почнал со дизајнирањето на ракетата уште во 1936 година. Ракетата била успешно лансирана во Октомври,1942 година, за потоа, на 6 Септември, 1944 година истата да биде употребена за напад врз Сојузниците. После капитулацијата на Германија, во тајната операција „Operation Paperclip“, Dr.Wernher von Braun заедно со уште 1600 германски научници, инженери и техничари биле тајно однесени во Соединетите Американски Држави. Dr.Wernher von Braun бил командуван како воен плен и чуван во пустината во Ново Мексико каде тестирал ракети во служба на Армијата на САД. Истовремено, како еден од научниците на NASA, Dr.Wernher von Braun ја дизајнирал ракетата Saturn V , наменета за мисијата Apollo 11 на Месечината. Dr.Wernher von Braun ќе остане запаметен како прв и најважен научник во историјата на астрофизиката и како и пионер во дизајнирањето на ракети наменети за истражување на Вселената.

А1/V2 ракетата што ја дијзајнираше тимот преводен на Dr. Wernher von Braun

Четвртата планета на нашиот соларниот ситем, Марс или позната како Црвената Планета го добила името уште од старите Римјани зарди нејзината карактеристична црвена боја што може да се забележи кога небото е ведро. Имено, богот Марс кај старите Римјани бил бог на војната, па тоа било асоцијација за да ја наречат Црвена Планета. Старите Египјани оваа планета ја нарекле „Her Desher“.- што значи Црвениот.Околу Марс кружат два помали сателити: „Phobos“ и „Deimos“ откриени од Американецот Asaph Hall во Август 1877 година.

Карактеристичната црвена боја на планетата Марс е заради тоа што на површината доминираат карпи кои содржат претежно железни минерали, а истите оксидирале со текот на времето.

Марс е единствената планета каде досега сме испратиле бројни ровери да талкаат по нејзиното тло почнувајќи од 1960 година. Но,првите два ровери што беа испратени во 60- тите години на минатиот век беа со траење од 90 дена.

Моментално на планетата Марс се наоѓаат два ровери опремени со најнова техничко – технолошка опрема кои не само што испраќаат снимки од површината на Марс, туку го проучуваат и составот на тлото, радијацијата, составот на воздухот , атмосферскиот притисок како и гравитациското поле Роверот познат по името „Curiosity rover“ е лансиран во 2011 година и претставува еден од најголемите ровери кои досега ги лансирала NASA како и “Mars Perseverance rover”, лансиран во 2020 година. „Mars Perseverance“ роверот е опремен со 23 WATSON камери од кои 16 од нив се инженерски, додека пак 7 служат за научно-истражувачка дејност. WATSON камрите се дијазнирани да снимаат одблизу со микроскоспка точност се со цел да се добијат прецизни податоци за научни истражувања. „Perseverance“ роверот на Марс поседува и ласер со кој се вршат истражувања на тлото до длабочина од 7 метри.Се истражува дали има вода како и микробиолошки живот. Мисиите на NASA досега пронајдоа многу докази дека на Марс пред 3.5. до 4 билиони години постоел живот. Aтмосферата била многу погуста додека пак планетата изобилувала со вода.

“Curiosity’ роверот кој моментално истажува на Марс

Зaедничкиот проект помеѓу NASA и ESA (European Space Agency) наречен „Mars Sample Return“ ( MSR) e проект чија цел е да се лансира уште еден ровер кој би се вратил назад на Земјата и би донел репрезентативни парчиња од карпи и реголит од површината на Марс. Тоа би било уште еден револуционерен потег што би придонел за подобро разбирање на планетата Марс, нашиот соларен систем, и секако тоа би ги ослеснило и понатамошните научни истражувања.

Неколку податоци за планетата Марс

Атмосферата на Марс е за 178 пати потенка од атмосферата на Земјата, додека пак истата се состои од 95% јаглерод диоксид, 3% нитроген , 1.6% аргон и траги од јаглерод моноксид, кислород , метан и други гасови како и многу прашина. Практично, тоа знчи дека животот на Марс без кислородна поддршка е невозможен . „MOXIE“ (Mars Oxygen In-situ Resource Utilization Experiment) е дел од опремата на NASA „Mars Perseverance“ роверот. Dr. Jeffrey Hoffman, еден од астронауите на NASA и креатор на „MOXIE“, твдри дека јаглеродниот диоксид може да се извлече од атмосферата на Марс , да се компресира и со помош на електролиза да се поделат молекулите на CO2 и со тоа да се извлече еден атом на кислород. Со проектот „MOXIE“ тоа и се докaжа. Истото го тврди и Elon Musk кој вели дека атмосферата на Марс може да се преадаптира со помош на компресија.

Вториот проблем што се јавува е гравитацијата. Имено, гравитационото поле на Марс е само 38% од гравитационото поле на Земјата. Слетувањето на ровери со мала носивост е можно, но до 2030 гоодина се планира да слетуваат големи вселенски летала кои не само што ќе ја носат потребната опрема туку и екипаж со луѓе. Слабата гравитација на Марс може да предизвика и проблеми при слетувањето на тешки вселенски летала, како и големи проблеми по човековото здравје какви што се атрофија на мускулатурата и губитокот на калциум во коските. Слабата гравитација како последица од немањето на магнетосфера, како и тенката атмосфера се главните причинители и за големата радијација на Марс.Радијацијата на Марс во просек е за 50 пати поголема од радијацијата на Земјата, додека пак во космосот таа може да биде поголема и до 700 пати. Но, сепак останува прашањето- како би се заштитиле астронаутите од големата радијацијата, без да се направи радијациски штит? Изложеноста на радијација во долг временски период , исто така може да предизвика значајни здравствени проблеми кај астронаутите како што се канцер и кардиоваскуларни заболувања

Без „термичкото ќебе“, заради тенката атмосфера , Марс не може да го постигне ефектот на стаклна градина и да ја задржи топлината. Максималната дневна температура измерена на Марс во пролет изнесува само 20 °C, додека пак истата, преку ноќ може да се спушти на неверојатни 125 °C под нулата. Марс е оддалечен 229 милиони километри од Сонцето додека пак земјата е оддалечена 150 милиони километри. Радикалните промени на температурата се исто така проблем. Поголемиот дел од годината на Марс дуваат ветрови доволно силни за да создадат бури од прашина што го покриваат поголемиот дел од планетата, а истите може да траат со денови и понекогаш со месеци

Доколку Земјата орбитира околу Сонцето со 30км/s, тогаш Марс орбитира со 24 км/s. Тоа значи дека двете планети орбитираат со различна брзина во своите орбити, а истите се со различен радиус. Растојанието меѓу Земјата и Марс кога се тие најблизу може да изнесува од 54.6 милиони километри, a кога се најддалеку и до 225 милиони километри Или во просек, 225 милиони километри. Двете планети ќе бидат најблизу во 2035 година. Патувањето до Марс би траело од шест до девет месеци, и секако нема да биде праволиниско , туку по специјално маркирани орбити за да се одбегнаат таканарeчените „гравитациони“ бунари.

Атмосферскиот притисок на Марс е многу низок во споредба со атмосферскиот притисок на Земјата, На двата пола на Марс, Северниот и Јужниот,се наоѓаат огромни површини прекриени со сув мраз. Сувиот мраз не е создаден од вода, туку од јаглероден диоксид. Научниците предлагаат сето тоа да се реши со помош на нуклерна фузија.

Исто така потребна е голема количина на енергија за да можат вселенските летала да го издржат патувањето до Марс и назад до Земјата, а истото би траело од 12 до 18 месеци. Elon Musk и неговата екипа на научници предлагаат целата таа неопходна енергија да се обезбеди исто така по пат на нуклеарна фузија. DVD (DIRECT Fusion Drive) е новата концептуална технологија, ниско- радиоактивна нуклеарна фузија која е наменета за обезбедување на енергија за вселенските летала.

Најбрзото вселенско летало беше лансирано на 19 Јануари 2006 година како дел од проектот на NASA , познат под името „New Horizons“. .Во рамките на истиот проект во 2016 година беше лансирано уште едно вселенско летало со досега најголема постигната брзина од неверојатни 84.000 км/h.

‘NewHorizon” најбрзата ракетата која досега e лансирана

Интерпланетарната комуникација би се одвивала со помош на ласерските free-space сигнали кои ќе бидат од особено значење затоа што се од 10 до 100 пати побрзи од досега радио – фрекфентните комуникации. Ласерската комуникација е метод на дигитална комуникација која ги конвертира дата сигналите во оптички сигнали користејќи модулатор.

Ова се само дел од предизвиците со кои се соочува науката. Се чини дека со денешното ниво на техничко-технолошки развој, ваквите предизвици се непремостливи, но сонот за инерпланетарно патување, оссознавање, истражување и освојување на Вселената како и на други планети, нема никогаш да замре. Се отвора една нова ера во науката и воопшто кај човештвото. За жал, Северна Македонија не учевствува во таквите истражувања и проекти затоа што нема ниту желба, ниту човечки потенцијал, ниту пак некаков капацитет. Чинам дека научниците од светот побрзо ќе изнајдат решенија да стигнат до Марс, отколку што Северна Македонија да го направи барем првиот чекор за почнување на преговори со ЕУ.

Слични Објави