Пендаровски-Ескобар: Вашингтон очекува Северна Македонија да го продолжи патот кон полноправно членство во ЕУ
Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави Габриел Ескобар, кој е во дводневна посета на нашата земја, јавуваат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
На средбата беше изразено очекување од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. Ескобар ја потврди поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја.
Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката којашто САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава. Во таа насока, на средбата се разговараше за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес.
На средбата стана збор и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.