| |

До крајот на октомври нова рунда разговори Скопје-Софија

Нова рунда разговори меѓу Министерствата за надворешни работи на Бугарија и РС Македонија се очекува до крајот на октомври. Ова го објави министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев, јавува БГНЕС.

За време на преговорите, кои ќе бидат четврти по ред, ќе биде разгледан т.н Протокол 5 + 1, објавен од бугарскиот претседател Румен Радев во Словенија.

Ако се постигне договор, протоколот ќе биде претставен пред Владите на РС Македонија и Бугарија и ќе биде потпишан од двајцата први дипломати.

Се очекува и состанок на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања. Истиот треба да се одржи на 17 октомври по изборите во РС Македонија.

Слични Објави