(Видео) Проф. д-р Вачков: Науката одамна не го користи терминот фашизам за власта во Бугарија
Бугарската историска заедница одамна, веќе повеќе од 30 години, не го користи терминот фашизам кога зборува за владеењето во Бугарија во периодот 1934-1944 година.
Ова во интервју за БГНЕС го изјави проф. д-р Даниел Вачков, директор на Институтот за историски студии при Бугарската академија на науките.
Тој посочи дека во историската фела има јасен консензус дека владеењето пред 9 септември не може да се дефинира како фашистичко.
„Да, власта е авторитарна и многу отстапува од демократијата, но не носи белези на фашистичко владеење“, нагласува проф. Вачков.
Една од причините поради која бугарските историчари излегоа со овој став се честите фалсификати на историјата од нивните „колеги историчари“ во Република Северна Македонија.
„Бидејќи многу луѓе, па дури и медиуми кај нас не беа свесни, дали има причина да не обвинуваат за фашизам, одржавме тркалезна маса. Со многу сериозни аргументи, ја изнесовме тезата дека нема шанси власта во Бугарија да се дефинира како фашистичка, бидејќи низа критериуми не го дозволуваат тоа. Имаме јасно наведени модели како што се фашистичка Италија и нацистичка Германија. Кога ќе се споредиме со овие модели, ја гледаме огромната разлика, што не ни дава основа да зборуваме за фашизам кај нас“, потврдува проф. Вачков.
