Американската армија го почна повлекувањето од Сирија
Американската војска почна да се повлекува од Сирија, по поразот на ИСИС. Американските војници, опрема и оружје ја напуштаат Сирија со летови, кои почнаа пред една недела. Американските медиуми јавуваат дека САД и Ирак постигнале договор да се намали бројот на персоналот на терен, првпат откако пред три години почна борбата против терористите од Исламска Држава.

