СДСМ: Запрено е пропаѓањето на црквата „Свети Ѓорѓија“ во Курбиново

//

Владата предводена од СДСМ продолжува да ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните и активно работи на заштита и промоција на културно-историското наследство коешто со години беше оставено да пропаѓа, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Запрено е пропаѓањето на црквата „Свети Ѓорѓија“ во Курбиново која долги години беше симбол за негрижа кон културното наследство и за чијашто лоша состојба СДСМ често ја алармираше јавноста.

Министерството за култура и Владата предводена од СДСМ во Буџетот за 2018 година обезбедија 2,5 милиони денари за процес на стручна, внимателна и одговорна грижа за црквата „Свети Ѓорѓија“, еден од најрепрезентативните објекти на културното наследство, кој датира од дванаесеттиот век и којшто меѓудругото е познат и по тоа што таму се наоѓа прочуената фреска со „Ангелот од Курбиново“, кој е симбол на нашата 50-денарка.



Со предвидените 2,5 милиони денари коишто можат да достигнат и до 15 милиони денари, доколку реализацијата тече со посакуваната динамика, ќе се изведат активности за изработка на Основниот проект за архитектурата во завршна фаза, ќе се спроведе административно одобрување на основниот проект за архитектурата, а ќе се реализираат и неколку фази од непосредната заштита како конструктивно зајакнување, конзервација на ѕидни платна и демонтажа на времениот покрив.

Започнатиот процес на комплетна реставрација на црквата „Свети Ѓорѓија“ којашто со години беше оставена во руинирана и дотраена состојба, ја докажува заложбата на СДСМ за зачувување, унапредување и промоција на културно-историското наследство на Република Македонија. Владата предводена од СДСМ останува посветена во спроведувањето на зацртаните мерки коишто ги санираат напластените штети и обезбедуваат квалитетен живот за сите, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Трет месец неосновано се држат во притвор десетици граѓани

Следна статија

Американската армија го почна повлекувањето од Сирија

Најново од Вести