АМЕРИКАНСКИ ВИРОЛОГ ГО ОТКРИВА НАЈМОЌНОТО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ
Агресивната социјална дистанца е најмоќното оружје против коронавирусот, истакнал директорот на американскиот Центар за контрола и превенција (CDC), Роберт Редфилт, и додал дека опасниот вирус ќе остане активен и во следните 24 месеци, пренесува Плусинфо.
– Сакам да им заблагодарам на оние луѓе кои ја практикуваат агресивната социјална дистанца. Тоа е многу моќно оружје против Ковид-19. Овој вирус лесно се пренесува од човек на човек, па затоа, додека сè уште немаме вакцина, треба да се држиме подалеку едни од други. Потребно е само да се дистанцираме, бидејќи само така вирусот нема да може да се задржи и ќе исчезне – рекол Редфилт.
Тој посочил дека научниците и лекарите досега многу научиле за коронавирусот, а дека едно од клучните сознанија се однесува токму на трансмисијата на заразата.
– Коронавирусот се пренесува многу полесно од сезонскиот грип, а веројатно сега е трипати позаразен од обичниот грип. Дури една четвртина од граѓаните не покажуваат симптоми. Тоа значи дека имаме пациенти кои немаат симптоми, но го шират вирусот наоколу – заклучил познатиот виролог.