НОВИ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ ОД ПОЛНОЌ

/

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), пренесува Фокус.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,67 отсто.

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, а 50 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за еден денар за литар и ќе чини 45 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 33,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,921 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 17,970 денари.





Претходна статија

АМЕРИКАНСКИ ВИРОЛОГ ГО ОТКРИВА НАЈМОЌНОТО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

(ВИДЕО) СКАНДАЛ ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗАРАДИ ПЛАТИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ

Најново од Вести