УШТЕ ТРОЈЦА МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ ОД КУМАНОВО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС
Една медицинска сестра и двајца техничари од Општа болница Куманово вчера биле потврдени како позитивни на коронавирусот.
Како што пренесе ТВ Алфа, повикувајќи се на ијава на директорот на Центарот за јавно здравје Ариф Љатифи, на овие лица ќе им биде направена епидемиолошка анкета со цел да се утврди со кого биле во контакт.
Вкупно во Куманово досега се заразени 18 здравствени работници од 114 потврдени случаи на коронавирус во градот.
Извор: Кумановскимуабети

