Американскиот десничарски активист Чарли Крк беше убиен во Јута
Американскиот конзервативен активист Чарли Крк (31) беше убиен вчера за време на јавен настан на универзитет во Јута. Според властите, пукањето се случило за време на дебата во рамки на неговата турнеја „American Comeback Tour“, а кампусот веднаш бил евакуиран.
Претседателот Доналд Трамп веста ја соопшти преку Truth Social, нарекувајќи го Крк „голем и легендарен“ и изразувајќи сочувство до неговата сопруга и семејството. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, оцени дека станува збор за „политичко убиство“.
ФБИ соопшти дека едно лице е уапсено во врска со нападот, додека поранешниот претседател Џо Бајден и поранешната потпретседателка Камала Харис го осудија насилството и повикаа на смиреност. Истрагата е во тек.

