Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ја обвини Русија дека одбива мировни преговори за Украина
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, ја обвини Русија дека нема волја да преговара за запирање на војната против Украина. Во интервју за телевизијата Fox News, тој ја повика Москва да прифати дека нејзината воена офанзива „во суштина е запрена“.
„За танго се потребни двајца. За жал, она што го гледаме во последните недели е одбивање на Русите да одржат билатерални средби со Украинците. Одбија и трилатерални разговори со учество на претседателот или некој друг претставник на администрацијата. Ние сакаме мир, но Русите мора да се разбудат и да ја прифатат реалноста. Не добиваат многу, а војната ужасно влијае врз нивната економија. Треба да се запрашаат колку уште луѓе сакаат да изгубат, колку уште луѓе сакаат да убијат во замена за премногу незначaeн воен напредок,“ изјави Ванс.
Тој потврди дека во администрацијата на Доналд Трамп се разгледува можноста на Украина да ѝ бидат обезбедени крстосувачки ракети Tomahawk со дострел од над 1.500 километри:
„Ме прашувате за Tomahawk – тоа е прашање за кое конечната одлука ќе ја донесе претседателот. Претседателот ќе направи сè што најмногу одговара на интересите на Соединетите Американски Држави,“ рече Ванс.
