АМНЕСТИЈА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 50 ЕВРА

Истакнато Краток спој Позиција

Свети Никола годинава донесе амнестија ама не за сите…

Кога го најави помирувањето премиерот Заев кажа дека е готов да ги понесе и последиците од таа негова одлука. Дури 95 пратеници го поддржаа законот за амнестија според кој, сите што не се организатори и директни учесници во насилствата од 27 април ќе можат да излезат „пречистени“ од овој настан.

За останатите инволвирани од калибарот на Јане Ченто и Игор Југ, останува сатисфакцијата дека ете не попаднале во центрифугата за ситни договори и подкусурувања. Тие денеска изјавија дека не сакаат амнестија и ќе чекаат судот да го каже својот последен збор. На Арнаудов, Василески и Мукоски не им се чека. Првиот бара 50 евра за изјава пред медиумите, вториот можеби сака уште еднаш да ги пречека Вилипче Петровски и неговата дружина у двор, а третиот како што стана јасно нема маки од новата власт, кога се работи за тендерите добиени од неговите фирми.

Во целата таа карма каша знаете ли ние каде се наоѓаме во приказнава? Ние сме дедото што ја искуба Шекеринска и доби 4 години затвор за тоа. Него амнестијата не го фаќа затоа што е директен учесник во насилствата… т.е. дедото е ебаната странка. Додека ја тегнел Шекеринска за коса, можеби добил ерекција, никој не знае, така и ние… чекавме правда и мир, ама испадна дека за да има мир, нема да има правда.

Ме болат синусите, ама за жал немам шеф што има одобрен азил во Будимпешта за да си ги прегледам таму. Да му ја мислат тие со хемороиди… и едните и другите во парламентот немаат скрупули во однос на таа мака. Ќе продолжат да ви ги масираат хемороидите, додека не ви текне дека, големите секогаш излегуваат суви од мочуриштето, а подебелиот крај го јадат тие кои ете поверувале дека нема да има договор и сите #чесилежат.

Автор: Батко Тане