АМСМ: Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од замрзнат дожд има на планинскиот премин Буково. Дожд врне на Стража, во Битола, Прилеп, Струга, Ресен, Железнец и Велес. Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Дреново од 12:00 – 15:00 часот ќе биде во прекин за сите возила. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена до 100 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

