Анализа: Србија се однесува како Путин кон Црна Гора и РСМ заради Косово
Поради признавањето на независноста на Косово, Црна Гора и Северна Македонија неодамна добија директни закани од Србија – од српската влада. Ова го пишува во анализа објавена на веб-страницата на „Институтот Роберт Ленсинг“, пренесува бугарскиот информативен портал Актуално. Заканата до двете земји членки на НАТО ја упати српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ. За време на интервјуто за српската провладина телевизија Пинк, тој рече дека Црна Гора и Северна Македонија ја навредиле Србија со признавањето на независноста на Косово, нагласувајќи дека тоа е еднакво на мешање во внатрешните работи на една земја и отворено претставува закана за дестабилизација на регионот.
Дополнително, Вучевиќ изјави дека двете земји треба да бидат нападнати на ист начин како што е нападната Украина поради ваквото однесување. Еден ден откако на социјалните мрежи се пофали дека српската армија е најсилна во регионот, српскиот министер за одбрана ги засили своите тврдења. Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на Твитер реагираше на изјавите на Вучевиќ. Рама изјавите на српскиот министер за одбрана ги смета за опасни: „Заканите против стабилноста и интегритетот на Северна Македонија и Црна Гора се опасни и неприфатливи. Албанија, Северна Македонија и Црна Гора се сојузници на НАТО кои се целосно посветени на безбедноста и меѓусебниот територијален интегритет. Во изминатата деценија во овој регион го постигнавме она што никој не можеше ни да го замисли во бескрајните децении пред тоа, и не можеме и нема да дозволиме некој да не влече назад во минатото кое го оставаме засекогаш! Заедно! Обединета Европа е нашата единствена иднина“, вели Рама. Во Северна Македонија и Црна Гора реакцијата беше поколеблива.
Српската политика во моментов е во пикот на руското влијание, а Црна Гора и Северна Македонија се исто така под големо влијание на руското мешање и пропаганда – така што ваквите провокации се можност, како казните во фудбалот, да предизвикаат тензии во овие две земји, кои се во процесот на пристапување во Европската унија. Од друга страна, осаменоста на Србија како силен поддржувач на руската агресија во регионот предизвикува нејзино непријателство кон другите балкански држави, кои се исто така членки на НАТО, како Црна Гора и Северна Македонија. Неказнувањето на Србија од страна на САД и ЕУ за нејзината политичка неодговорност кон соседните земји, особено кон Косово, создаде тензија и нестабилност во регионот.Досегашното немање казна за Србија му овозможи на Белград да користи постојана заканувачка реторика и да стане минијатурна верзија на Русија на Балканот. Согледувајќи ја заканата од она што се случува на Балканот, шефовите на парламентарните комисии за надворешни работи на Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Германија и неколку други земји формално побараа од клучните европски и американски дипломати поцврст и поодлучен пристап кон српскиот претседател Александар Вучиќ. Од друга страна, поради тензиите во северниот дел на Косово и непостапувањето на владата за деескалација на ситуацијата од мај, ЕУ воведе казнени мерки против Косово.
Косово се уште чека најава од Европската унија за укинување на казнените мерки по постигнатиот договор меѓу Косово и ЕУ во Братислава, кој опфати организирање нови избори во четири општини на северот на земјата. Владата на Косово веќе почна да работи на обезбедување правна основа за одржување на нови предвремени избори во четирите општини во северниот дел на Косово, кои потенцијално се очекува да се организираат во месец септември. Заедно со одржувањето на изборите се очекува и враќање на тензијата. А за најголемата закана за мирот на Балканот – Србија, пристапот „морков и стап“ од страна на ЕУ се чини дека отпадна и во последно време само моркови и ласкања се нудат од ЕУ и меѓународната заедница.
Како резултат на тоа, Министерството за одбрана на Србија отворено им се закани на земјите од регионот, посочувајќи дека нивното членство во НАТО не ги реши сите нивни проблеми. Од друга страна, Косово тврдоглаво продолжува да се залага за членство во ЕУ и НАТО и покрај тоа што сега се соочува со казнени мерки од ЕУ поради тензиите на северот на Косово.