Андоновска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го враќа достоинството на земјоделците
Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска на прес-конференција Андоновска, нагласувајќи дека македонските земјоделци се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата.
„Оваа Влада е нивен најголем поддржувач и партнер. Апатичноста на претходната власт со неисплатени субвенции и нефункционални системи за наводнување останува во минатото,“ рече таа.
За само 15 месеци, според Андоновска, биле исплатени над 11 милијарди денари за заостанати и тековни субвенции, со што финансиска поддршка добиле 70.000 земјоделци, а системите за наводнување биле оспособени за навремено обезбедување на вода.
Во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство започна и доделувањето на картички за зелена нафта за речиси 46.000 земјоделци, за што се издвоени 540 милиони денари. Таа посочи дека оваа година е утврдена рекордна откупна цена за винските сорти Вранец од 21,3 денари и Смедеревка од 18,9 денари по килограм. Првпат првата и втората категорија на пченица се откупувала по цена од 12 денари, плус транспорт и ДДВ, а од реколта 2025 година државата ќе откупи 9.000 тони меркантилна пченица за стоковни резерви по цена од 13 денари за килограм.
Андоновска ја најави и кампањата „Македонско најдобро“, насочена кон раздвижување на домашната економија преку поддршка на македонските производители и земјоделци, како и мерката 50-50 за кофинансирање на современа земјоделска механизација. Таа потсети дека на јавниот повик за млади земјоделци пристигнале 254 апликации, од кои 117 се одобрени. „ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец. Со поддршката која ја нудиме, ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор за иднината,“ порача Андоновска.
