АНИМАЦИЈАТА „ЕДНА“ ЈА ОСВОИ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ

Краткометражната анимација ЕДНА на Вук Митевски на штотуку завршениот филмски фестивал во Краков ја освои наградата на жирито за најдобар европски краткометражен филм и со ова добива директна номинација за Европската филмска Академија

Европската Филмска Академија, листата на 15 номинации за најдобар краток филм ги добива од наградените филмови од 15 фестивали. Меѓу овие фестивали од кои се добива директна номинација се и Венецискиот, Берлинскиот, Локарно, Сараевскиот како и Краков Филмскиот фестивал каде што ЕДНА ја освои оваа награда.

Куризиоитет е што на Краков Филмскиот фестивал оваа награда се одбира од филмовите во две селекции за краткометражен игран филм и анимиран филм заедно, и токму ЕДНА е од страна на петтчленото жири ја доби оваа престижна награда.

ЕДНА е 11 минутна анимација која беше инспирирана од бегалската криза, каде што Македонија како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Во суштина ЕДНА е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни скоро три години за да ја изработи оваа магична анимација.

ЕДНА е копродукција помеѓу Македонија и Белгија и е подржана од Македонската Агеција за Филм. Продукцијата целосно се одвиваше во Македонија, а постпродукцијата во Германија, каде што беше работен звукот, Франција каде се изработуваше музиката, и Белгија каде се работеше лабараторијата и миксот. Сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е изработена од Оливие Самујо, звук Емил Клотзц, монтажа на Благоја Неделковски и Ванчo Мираковски, асистент аниматор Марија Коробар.

По претходниот голем успех со повеќекратно наградуваната анимација Алерик, ова е четврта анимација на Вук Митевски.



Слични Објави