| |

НЕ КУПУВАЈТЕ АВИОБИЛЕТИ ГРАНИЦИТЕ СЀ УШТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ

Ова е пораката што ја упатуваат од Министерството за транспорт и врски, откако некои авиокомпании како Визер, почнаа да продаваат билети од 18-ти Мај. Повеќе наши државјани кои се наоѓаат во странство, упатија прашања дали пуштањето на авиобилетите во проджба, значи дека компаниите почнуваат да оперираат со летови кон Македонија. Дел од овие наши сограѓани се затекнале во некоја од странските држави пред суспендирањето на летовите и се наоѓаа по два- три месеци во исчекување на првата прилика да се вратат.

Според информациите од Министерството за транспорт, се чека препораката на Комисијата за зарзни болести кога би можеле да бидат отворени границите, а со тоа и двата аеродроми во Скопје и Охрид. И покрај падот на бројот на заболени од Ковид 19, од Комисијата се претпазливи, како што е случајот и во многу други земји во регионот и пошироко.

Од соседството, Србија вчера прва ја укина вонредната состојба, но поголем дел од мерките остануваат. Во Бугарија има експретски препораки границите да останат затворени и понатаму, особено по искуството со авионите од Холандија, во кои имаше по неколку заболени од Ковид 19, кои беа дијагностицирани по слетувањето на авионите и проверката на аеродромите.

На нашите граѓани им останува опцијата да ги користат аеродромите во соседните земји, меѓутоа, при влез во државаа важи задолжителните државен карантин од 14 дена, односно 21 ден за луѓето кои доаѓаат од Италија и уште 14 дена дома во самоизолација.

Слични Објави