„АНИМИРАНА ЛИКОВНА АВАНТУРА“ – РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА ВО КУМАНОВО

Истакнато Култура

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска од 11 до 14 часот ќе се реализира креативна ликовна работилница насловена „Анимирана ликовна авантура“, на која ќе учествуваат деца од шест до дванаесет години .

Под менторство на академски ликовни уметници, во фоајето на Центарот за култура децата преку цртање на омилените ликови од анимираните филмови ќе се стекнат со основни знаења за изработка на цртежи.

Со цел поттикнување на креативниот дух кај децата Центарот за култура обезбеди четки, палети и други потребни материјали за работа, а на учесниците на работилницата ќе им бидат врачени и благодарници.

Изработените цртежи ќе бидат поставени во изложбениот простор на Центарот за култура во Куманово.