Антикорупциската комисија бара од Општина Охрид да ги раскине сите договори со фирмите што се во сопственост на советникот Нефи Усеини, дознава А1он. Причина за одлуката е судирот на интереси, но и повредата на законите.
Дописот е испратен до градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, кој за оваа одлука треба да ги извести општинските претпријатија.
–Ќе настане судир на интереси доколку Општина Охрид склучи договор со правно лице каде како сопственик се наоѓа член на семејството, стои во писмото од антикорупциска комисија.