Здружението „Бисерни бранови“ од Охрид, организираше детска работилница и Новогодишна забава за најмалите
Здружението Бисерни Бранови од Охрид организираше Новогодишна забава и подари 70 детски пакетчиња , мечиња и слушалки на дечиња од локални градинки и училишта. Заедно со децата се забавуваа нивните родители, а исто така и членови и симпатизери на здружението.
Во рамките на подготовката на Новогодишната забава, децата учествуваа и во работилница во која изработија новогодишни честитки и џинџер колачи.